(Видео) По пожарите, Австралија се соочува со силни врнежи и поплави

Силни дождови утрово зафатија големи делови од источниот брег на Австсралија, од кои настанаа поплави, а голем дел од патиштата се затворени за сообраќај.

Истовремено во делови од Австралија пожарникарите сеуште се борат со повеќе од 100 пожари. Во големата еколошка катастрофа досега загинаа 29 луѓе, а уништени се повеќе од 2500 домови и запалена површина со големина на Германија.

Државата Викторија, Нов Јужен Велс и Квинсленд кои најмногу беа погодени од сушата и пожарите, сега се занимаваат со големите врнежи и поплави. Во Квинсленд утрово затворени се голем број патишта, паркови и туристички атракции, а некои самбени подрачја се целосно поплавени.

Во делови на Нов Јужен Велс во текот големите врнежи, прекинато е снабдувањето со струја, а пожарникарските служби во оваа држава соопштиле дека силните дождови можат да помогнат при ставањето контрола на 75 пожари, пренесува „Ројтерс“.

Во Викторија и понатаму горат повеќе од десетина пожари, а наредбата за евакуација поради пожарот во планинскиот дел е укината. Во оваа држава веќе силните бури помогнале при гасењето на пожарот, но и создавање на густ дим, кој би можел да влијае на одржувањето на последното коло од квалификациските мечеви на „Австралија Опен“. Вооружените сили на Нов Зеланд, соопштиле дека во Австралија се испраќа засилување, кое ќе им се приклучи на контингентите и специјалците од други земји, како што се Јапонија и САД.

Scroll to Top