(Видео) По три години во кома, Реми пак прави акробации на велосипед

По тешката несреќа поради која лекарите го ставија во индуцирана кома пред три години, австралискиот авантурист и ѕвезда на планинскиот велосипедизам, Реми Мортон, закрепна и продолжи со подвизите.

 

Неговиот дух е нескршлив и тоа го покажа во новото видео од серијалот Sound of Speed, снимено на Нов Зеланд, каде што демонстрира сурова енергија при вртоглаво возење по планински карпи.

Мортон е роден во Квинсленд и пораснал возејќи BMX за подоцна да се префрли на трки со спуст со планински велосипед и да ѝ стане миленик на публиката на Светското првенство за млади UCI во 2015 и 2016 година.

Во  2017 тој претрпе сериозна несреќа, која заврши со скршен врат, скршени ребра, скршен колк и пункција на белите дробови на две места.

Лекарите за неговите повреди рекле дека изгледале како да паднал од трикатница и заклучиле дека удрил во земјата со брзина од 75 км/ч.

Австралиецот мораше да биде ставен во индуцирана кома за време на закрепнувањето, при што изгуби повеќе од 20 кг. Процените на лекарите биле дека тој никогаш повеќе нема да може да вози велосипед и дека ќе биде среќен ако може да оди нормално. Но, тој во рок од шест месеци закрепна од повредите што можеа да значат крај на неговата кариера и повторно беше на велосипед.

Scroll to Top