(ВИДЕО) Погледнете како гореше најголемата рафинерија во Европа

By

Во рафинеријата Шел во Ротердам, најголемата во Европа, вчера изби голем пожар, поради што дел од постројките не беа во можност да профункционираат.

dobivaj vesti na viber

„Пожарот ноќеска буквално во електроцентралата со висок напон во рафинеријата „Шел Пернис“ во Ротердам, поради што дел од рафинеријата е затворен“, изјави за AFP, портпаролот Шела, пренесува Фигаро.

Како што изјави, огнот бил изгаснат дури во раните утрински часови, поточно околу шест.

„Некои постројки, ги откажаа активностите од безбедносни причини, а гасовите кои останале внатре ги палиме“, изјави портпаролот и додаде дека се „е под контрола“, и дека компанијата, „се обидува да го ограничи запалувањето за да не ги вознемири жителите во околината“.

 

„Шел Пернис“, се наоѓа во источниот дел на Ротердам, и со своите 60 фабрики, е најголемата рафинерија во Европа.

Локалните медиуми јавуваат дека причината за пожарот би можел да биде краток спој, на електроинсталациите, но компанијата „Шел“, не ја потврди таа информација.

„Нема ослободување на токсини во воздухот, но има дим.

Уште не знаеме кога рафинеријата повторно ќе биде активирана.

Тоа може да трае неколку часа, но и неколку дена“, изјави портпаролот на компанијата.

Ќе ви се допадне