По тренингот по џудо, кој Владимир Путин го имаше во Сочи со руските олимписки шампиони, рускиот претседател продолжи со своите спортски активности.
Заедно со неговиот колега од Белорусија Александар Лукашенко, Путин ги покажа своите спортски перформанси на теренот на мраз, каде играше хокеј во меч кој немаше официјален каракетер.
Лукашенко и Путин ги облекоа истите дресов и играа на страната на тимот на „Тигрите“. Портпаролот на Кремљ изјавил дека Путин сè чувствувал добро и покрај полесната повреда со која сè здобил додека тренирал џудо.
Двајцата претседатели, по одиграниот хокејски меч, заминале на скијање.