(Видео) Политичар поднесе оставка по објавената снимка на која тепа жена на паркинг

Драган Васиљ локален политичар од Mесната заедница Меѓугорје во Хрватска, поднесе оставка откако на социјалните мрежи се појави снимка како тепа жена на паркинг.

Во соопштението кое го потпишал Васиљ, а кое е објавено на фејсбук страната Месна Заедница Меѓугорје, пишува дека личноста пет дена непрописно паркирала и го оневозможила патот на другите возила.

„Прво ја предупредив преку нејзин пријател, кој ме навреди и ми се закануваше. Им кажав и на куварите во пансионот и работниците да ја предупредат. Секој пат кога ќе беше во пансионот, се симнуваше и го тргаше возилото, но потоа го враќаше и на ист начин го пракираше, нешто што може да се види на снимките, ако не се избришани. Но, кога не беше во пансионот, јас се доведував во ситуација да морам да повикам и такси за да можам да завршам некоја работа. Таа вечер кога се случи инцидентот, околу 21 часот требаше да излезам со моето возило. Не можев и ја повикав жената да дојде и го тргне возилото. Додека ја чекав, забележав дека е фрустрирана, веројатно што постојано морала да се симнува за да го трга возилото. Ми покажа среден прст и целиот мој гнев и фрустрација во тој момент експлодирале. Излегов од возилото, ја отворив вратата од нејзиното возило и почнав на викам на неа. Во тој момент таа излезе од возилото ми удри шамар и со другата рака ме изгреба по слепоочницата и очите“, напишал Васиљ.

 

Scroll to Top