(Видео) Полицаец фати дете кое падна од трети кат

Полицаец успеал да спаси дете кое паднало од третиот кат на една зграда. Инцидентот се случил во Асиут во Египет.

Луѓето кои се нашле на местото на настанот немале ниту секунда за размислување. Земале едно платно што стоело на оградата за да го дочекаат детето во него, но не биле доволно брзи.

За среќа, еден полицаец успеал да го фати со раце. Судејќи според снимката, детето има четири-пет години. Истото минало без гребаница, додека полицаецот е полесно повреден.

Scroll to Top