(Видео) Полицаец спаси момче кое сакаше да скокне од мост

Американски полицаец од Тенеси сојузната држава од САД, успеал во последните моменти да спаси момче кое сакало да скокне од мостот. Офицерот во последнен моменти го фатил момчето за нога и го повлекол назад.

Настанот бил снимен на камерата која била закачена на униформата на неговиот колега, пренесува британски „Мирор“.

Во соопштението издадено од канцеларијата на шерифот во округот Кнокс, е наведено дека нивниот колега покажал голема храброст и решителност и благодарение на неговите рефлекси, момчето е спасено.

Полициските служби ја објавиле снимката и на тој начин сакале да му ја покажат благодарноста за спасувањето на момчето. Локалното население го нарекоа американскиот полицаец херој.

Scroll to Top