Видеото на кое полугол маж го регулираше сообраќајот на дождот во центарот на Белград, откако невремето ги расипа семафорите, е хит на интернет. Во целиот тој хаос, човекот самоиницијативно ја презел одговорноста, пипува медиумите, за да им помогне на возачите. На снимката се гледа како возилата бавно се движат на дождот и всушност ги следат сигналите на „ сообраќецот“.