Британскиот Парламент, поради прокиснување во зградата и протекување вода во салата за дебата, мораше да ја прекине денешната седница за даночната политика.
Водата што течеше под седиштата го принуди заменик-претседавачот Линдѕи Хол да ја прекине седницата. Долниот дом во британскиот Парламент, поради прокиснување, мораше да ја прекине седницата два часа порано, а горниот дом во другиот дел од зградата продолжи со дебатата за брегзитот.
Вестминстерската палата веќе со децении е запуштена и потребни се чести поправки и надградби.
Претходно направените планови за реставрација предизвика противење на голем број членови во Парламентот затоа што во тој случај пратениците извесен период ќе треба да се откажат од традиционалните места и да се преместат во друга зграда.
“Parliament is broken”: MPs forced to exit the House of Commons after water starts pouring through the ceiling https://t.co/AOxyutzMTA pic.twitter.com/mwJuxUqQ9z
— ITV News (@itvnews) April 4, 2019