Серијата на HBO „Чернобил“ која за кратко време стана популарна, ги прераскажа сцените кои ги доживеаа голем број на луѓе во 1986 година, кога се случи големата нуклеарна катастрофа.
Една таква приказна е и на поранешната медицинска сестра Валентина, која сеуште живее во контаминираната зона. Валентина со својот сопруг работела во електраната, а се преселила во Припјат каде живееле се до експлозијата.
Валентина во едно од своите интервјуа раскажала што се случило таа вечер кога се случила експлозијата. Нејзин колега од болницата дошол да ја земе околу 1:35 часот (експлозијата настанала во 1:24 часот).
„Работевме цела вечер. Дојдов дома дури следното утро. Постојано размислував како ќе ги спасам моите деца, па одлучив да ги испратам во Белорусија. Мојата ќерка за малку ќе загинеше, затоа што на бродот имаше огромна гужва“, изјавила Валентина.
Старицата раскажала дека направила нешто многу опасно за својата пријателка, чиј сопруг загинал таа вечер.
„Таа ме повика и ме праша дали пристигнал во болницата. Му кажав дека не сум го видела. Тогаш ме замоли да отидеме заедно во електраната да провериме дали сеуште е таму. Отидов со неа, затоа што бев сигурна дека и таа би го направила истото за мене“, раскажува старицата.
Сопругот на Валентина починал по 40 години брак, а таа денес е сама и живее во селото во зоната кое е исклучено од цивилизацијата. Времето го минува со животните, лови и одгледува билки.
„Би сакала да им порачам на луѓето дека нашата планета е еден цвет во вселената и дека ние сме само гости на него. Земјата ни е подарена и треба да ја одржуваме. Посакувам мир, благосостојба и согласност. Навистина има многу работи кои може да не направат среќни, вели баба Валентина.