Познатиот британски книжевник, водител и новинар Ричард Хамонд, кој е познат и по тоа што е вегетаријанец, признал дека во минатото го убил и изел својот петел кој му бил домашен миленик.
Ричард со својата сопруга и две ќерки, на почетокот чувале пиле, кое кога пораснало, Хамонд со сопругата и ќерките решиле хумано да го испратат на другиот свет, а потоа и да го изедат.
„Да, точно е. Мораше да замине на другиот свет. Прво петелот хумано го испративме, а потоа и го изедовме“, открил Хамонд за Radio Times, кој не сакал да каже како го убиле петелот.
Во интервјуто тој проговоре за убивањето на животните и призна дека тоа можел да го направи без проблем, но никогаш не можел да убива само заради спорт. Вели дека се има одречено од месото и дека тоа било фантастично искуство.
„Повеќе не јадам месо, барем не во количина во која јаде во минатото“, признал Хамонд.
View this post on Instagram