(Видео) Преместиле куќа стара два и пол века преку река

Куќа стара 255 години и тешка 400 тони била транспортирана со шлепер и сплав од градот Истон до Квинстаун во сојузната држава Мериленд, пренесуваат американските медиуми.

Куќата поминала пат повеќе од 80 километри. Била пренесена на сплав поврзана за шлепер, а преселбата чинела околу милион долари.

Исотриската куќа „Галовеј хаус“, се наоѓала во Истон каде била изградена во 1764 година за тогашниот брачен пар Вилијам и Марија Николс, пренесува „Фокс Балтимор“.

„Куќата со години беше празна и занемарена. Соочена со широкото предградје, историската куќа имала мрачна иднина“, е наведено на сајтот EastonHouseMove.com.

Овој неверојатен дел од американската историја и архитектура, ќе биде подинат целосно, пренесен десетина километри до реката, на платформа на тркала, а потоа на сплав преку 80 километри ќе биде транспортирана до Квинстаун, каде ќе биде реновирано во оригинална состојба.

Американските медиуми пренесуваат дека куќата ја купил Кристијан Нили, кој ја испланирал целоската комплицирана преселба.

Scroll to Top