(Видео) Премиерот Рама погоден со мастило во Собрание

Пратеник од редовите на опозицицијата, од партијата „Демократска партија“, Еди Палока, денес предизвика ицнидент во парламентот откако го поли со боја премиерот Еди Рама.

Инцидентот се случил откако албанскиот премиер Рама му се обратил на лидерот на опозицијата Љуљзим Баша, кој повеќе говорел за криминалот на актуелната албанска влада, отколку за ратификацијата на Протоколот за зачленувањето на Северна Македонија во НАТО.

„Детето не знае што прави и што зборува“, изјавил Рама, објаснувајќи дека не е момент да се зборува за овие работи поради случувањата во Македонија, мислејќи на автобуската трагедија и важноста на точката на дневен ред.

На барање на претседателот на парламентот Грамоз Ручи, припадниците на Националната гарда кој се задолжени за обезбедување на парламентот го исфрлиле Палока од собраниската сала.

Палоки добил десетдневна забрана за влез во парламентот. Рама по тој повод му сè извинил на претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, кој бил присутен на седницата.

Лидерот на албанската опозиција Љулјзим Баша, ја искористил можноста да ги повика граѓаните масовно да се приклучат на антивладините протести закажани за 16 февруари, оценувајќи дека денес присуствувале на погребување на државата.

Scroll to Top