(ВИДЕО) Претседателот на Туркменистан е вистински Рамбо – Пука, фрла ножеви, се претставува како БОГ!

Многумина го сметаат за нарцисоиден диктатор, а со оглед на тоа дека во Туркменистан нема слободни медиуми, тој во целост може да го контролира сето тоа што тие го пишуваат за него и како го претставуваат.Претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов, објави видео-снимка во која ги демантира своите воени способности.

Гурбангули во снимката пука од пушка, фрла ножеви и ги вежба стомачните, а кога во 2006 година, дојде на власт, успеа да изгради култ на личност и да се претстави себе си како бог.
Многумина го сметаат за нарцисоиден диктатор, а со оглед на тоа дека во Туркменистан нема слободни медиуми, тој во целост може да контролира се што тие пишуваат за него и како го претставуваат.
Да потсетиме, Бердимухамедов реши да на граѓаните на Туркменистан им ја укине бесплатната струја, вода и гас.
Полни 24 години домаќинства во таа поранешна советска република богата со гас, која има 5,5 милиони жители, имале право на бесплатна струја, вода и гас. Сепак, во последните години почна да се воведуваат ограничувања.
Секој поединец досега има право на 25 kW струја, и 50 метри кубни гас месечно, како и 250 литри вода дневно. До 2014 година, сопствениците на автомобили добиваат по 120 литри бесплатен бензин месечно.
Оваа мерка е на сила од 1993 година и предвидено е да биде на сила десет години, но продолжена е до 2030 година.
Претседателот смета дека ваков систем е неодржлив и дека помошта во иднина треба да биде упатена само на социјалните случаи.
Погледнете го видеото:

Scroll to Top