(Видео) Професорка од Нов Зеланд осудена затоа што имала секс со ученици

Професорка од Нов Зеланд е осудена на 2,5 години затвор затоа што имала секс со двајца ученици. Таа била вработена на колеџот „Бленхејм“ во 2018 година и во повеќе наврати за време на ручекот, имала секс со учениците во нејзиниот автомобил. Била омажена за полициски службеник, а во училиштето работела 12 години.

Судијата Тони Зохраб изјавил дека обвинетата на тинејџерите преку социјалните мрежи им испраќала видеа со сексуална содржина, а потоа им се заканувала на никого да не зборуваат за нивниот однос, пишува „Дејли мејл“.

„Со оглед на вашата професионална обука и искуство како наставник, вие сте таа која требало најмногу да водите сметка за потребите на младите деца кои се преобразуваат во мажи“, изјавил судијата.

Адвокатите на учителката тврделе дека домашниот притвор е најдобриот облик за рехабилитација, поради постоечките проблеми со менталното здравје. Тие побарале нејзиното име да не се објави јавно и објасниле дека нејзините деца се малтретирани откако луѓето дознале за обвинувањата против нивната мајка.

Scroll to Top