Деветмесечен бенгалски тигар, кој исчезнал пред недела дена, бил пронајден во едно предградие во градот Хјустон, потврдила тамошната полиција. Тигарот веднаш бил предаден во прифатилиште за животни, пренесува Би-би-си.
Како што велат од полицијата, сѐ уште не е јасно каде сѐ животното се движело низ градот. Шефот на полицијата, Рон Борч, вели дека животното најверојатно шетало околу куќите и дека било вистинска среќа што не нападнал некој од жителите. Тој вели дека станува збор за питом тигар.
На социјалните мрежи се појавиле и снимки на кои се гледа како тигарот се шетал низ улиците на градот Хјустон. Инаку, не е дозволено да се внесуваат тигри во градот Хјустон, иако во голем дел од местата во државата тоа е дозволено, но само под одредени услови.