(Видео) Пронајдено телото на новинарот од Саудиска Арабија Џемал Кашоги

Телото на убиениот саудиски новинар Џемал Кашоги, е пронајдено во бунар на територијата на резиденцијата на генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

Ова денеска го изјави лидерот на турската партија Ватан, Дога Перинчек.

„Од сигурни извори во службите за безбедност на Истанбул, донзав дека телото на Кашоги е пронајдено во бунар кој се наоѓа во градината на територијата на резиденцијата на генералниот конзул на Саудиска Арабија“, пренесува „Спутник“.

Новинарот од Саудиска Арабија и дописник на „Вашинтон пост“, Џемал Кашоги, беше убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, во тепачка со луѓе кои таму го пречекале, претходно соопшти Саудиска Арабија, на основа на прелиминарните резултати од истрагата.

Кашоги исчезнал на 2 октомври, а последен пат е виден како влегува во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Scroll to Top