(Видео) Путин доби напад на кашлица и ги извади од памет среде состанок дека има корона

Рускиот претседател Владимир Путин за време на еден од видеосостаноците добил напад на кашлица. Видеоснимката, која за кратко време се рашири по социјалните мрежи, предизвика загриженост во јавноста дека рускиот претседал можеби е заразен од коронавирус.

Путин се борел со кашлицата и неколкупати морал да се извинува. Ја покривал устата со десната рака додека се обидувал да продолжи да зборува, пренесуваат британските медиуми.

Од Кремљ ја смириле ситуацијата објаснувајќи дека со претседателот сѐ е во најдобар ред. Претседателот се извинил и продолжил со состанокот без да направи пауза, се вели во соопштението од Кремљ.

Инаку, за време на состанокот се разговарало за финансиските проблеми предизвикани од коронавирусот. Британскиот медиум „Дејли мејл“ шпекулира дека и покрај тоа што Русија има на располагање две вакцини, едната, наводно, ја примила ќерката на Путин, Катерина.

Рускиот претседател засега не примил ниту една.

Scroll to Top