(Видео) Путин е со меко срце и плаче како мало дете

Рускиот претседател Владимир Путин иако важи за најмоќниот човек на светот, кој нема премногу многу слободно време на располагање, сепак понекогаш знае да биде многу емотивен.

Иако поголемиот дел од времето медиумите го прикажуваат како сериозен човек кој ретко ги покажува своите емоции сепак рускиот претседател знае да заплаче и како мало дете..

Иако делува студено и гордо, Путин има нежна и чувствителна страна. Во ретки моменти си дозволува да пушти некоја солза, а будното око на камерите успеале да го забележат секој момент кога покажал дека има меко срце.

Химната

Путин на 3 септември 2014 година додека се пеела химната на Русија за време на посетата на монголскиот претседател бил забележан како се обидува да ги избрише солзите од своето лице. Не е тајна дека Путин знае често да го погоди химната и на секоја нејзина интонација тој знае да заплаче.

Победа на изборите

Кога повторно станал претседател на Русија, на победата на изборите во 2012 година, Путин заплакал за време на одржувањето на големиот величествен победнички говор. Своите емоции Путин ги покажал пред 100.000 луѓе.

Се чини дека оваа победа и самиот момент Путин ги доживеал премногу силно, па гледачите и оние кои го следеле обраќањето во живо, можеле преку малите екрани да ги видат неговите солзи.

 

Концерт

Во 2017 година на социјалните мрежи се појавила и снимка од еден концерт организиран во чест на загинатите руски воени специјалци. Путин повторно ја покажал својата емотивна страна.

Додека на видео-бимот се менувале фотографиите на загинатите полицајци, службеници кои своите животи ги изгубиле во борбата против криминалот и во анти-терористички акции, Путин не успеал да ги задржи солзите.

Scroll to Top