Од доаѓањето на Владимир Владимировиќ Путин на власт во Русија работите почнале драстично да се менуваат. Русија се подобрила на сите полиња, особено на економското.
Години претходно Русија била ограбувана од чиновници, функционери, а најмногу од тајкуните.
Тајкуните станале заштитен знак на Русија. Тие одлучувале за сè. Ја воделе Русија и присвојувале цели богатства.
Путин ги спушти на земја руските тајкуни и покажа како еден претседател треба да разговара со нив.
Им оневозможи натамошно богатење, а тоа богатство го употреби за економско закрепнување на Русија и рускиот народ.
Еден од најпознатите тајкуни, милијардерот Олег Дерипаску, со уште неколку тајкуни купиле компанија за симболична цена. Целта им било да ги згаснат компаниите и од нив да извлечат колку е можно поголема корист.
Но, се измамиле!
Работниците на компанијата му пишале на Путин и го замолиле за помош. Претседателот Путин итно се упатил во компанијата и ги повикал сопствениците на состанок.
Бесен, Путин состанокот со тајкуните го почнал со зборовите: „Зошто не го решивте ова? Избегавте како лебарки кога слушнавте дека доаѓам“.
Го натерал Олег Дерипаску да потпише договор според кој компанијата ќе почне со работа онака како што тоа владата на Русија го предвидува.
Погледнете ја снимката од тој настан: