Околу 100.000 луѓе се собраа на стадионот Лужњики во Москва, за да му дадат поддршка на Владимир Путин кој уште еднаш ќе си ја проба среќата на претседателските избори во Русија, кои се закажани за 18 март.
Актуелниот руски претседател се заблагодари на насобраните луѓе и рече дека ако победел на изборите, следните 10 години ќе ги мине во знак на светлата победа на Русија.
Тој потсети дека рускиот хокеарски тим ја пеел националната химна по освоената златна медала за време на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја, па ја повика и сега публиката да му се приклучи и заедно да ја отпеат химната.