Рускиот претседател Владимир Путин се пошегува на состанокот со американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, кажувајќи виц за нетрпеливоста на САД кон Русија.
„Ако добро се сеќавам, на американскиот грб е прикажан белоглав орел кој држи 13 стрели во едната канџа и маслиново гранче со 13 маслинки во другата. Тоа е симбол на мирољубива политика“, изјавил Путин на состанокот со Болтон во четвртокот во Москва.
„Дали вашиот орел ги изеде сите маслинки и сега му останаа само стрелите“, низ шега праша Путин.