(Видео) Путин танцува со австриската министерка Карин Кнајсел

Рускиот претседател, Владимир Путин, викендов го мина во Австрија каде што беше почесен гостин на свадбата на неговата колешка, австриската министерка Карин Кнајсел.

За време на свеченоста рускиот претседател играше танго со невестата, а својот џентлменски манир го покажа подарувајќи ѝ голем жолт букет.

Путин по венчавката одржа говор на германски јазик и на брачната двојка ѝ посака среќа и љубов во животот.

 

Scroll to Top