Изминатата недела речиси 40 држави пријавиле рекордно зголемување на бројот на заразени со коронавирус во еден ден. Ваквите бројки претставуваат двојно повеќе отколку претходната недела.
Според податоците до кои дошле во новинската агенција „Ројтерс“, ова покажува ека пандемијата ги зафатила сите светски региони.
Стапката на заразени не се зголемила само во државите како што се САД, Бразил и Индија, кои светските медиуми ги наведуваат како земји со голема епидемија.
Опасниот вирус ги зафати и земјите како што се Австралија, Јапонија, Хонгконг, Боливија, Судан, Етиопија, Бугарија, Белгија, Узбекистан и Израел.
Многу држави, особени оние во кои властите претходно ги ублажија мерките за физичка оддалеченост, имаат втор бран откако заврши првиот бран пред повеќе од месец дена.
„Нема да се вратиме на старата нормалност. Пандемијата веќе го промени начинот на живот“, изјавил генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адхан Гебрејесус.
„Ги повикуваме сите луѓе, своте одлуки за тоа, каде одат, што прават и со кого се состануваат, да се третираат како одлуки за живот и смрт, затоа што тоа е и тоа“, предупредил тој.
Податоците до кои дојде „Ројтерс“, се собрани на основа на службени извештаи и истите покажуваат постојан пораст на бројот на земји кои пријавуваат рекордни дневни зголемувања на бројот на заразени од вирусот Ковид 19.
Најмалку седум земји пријавиле такви зголемувања пред три месеци, најмалку 23 земји, пред две недели, пред седум дена, најмалку 20 земји, а оваа недела бројката ја пријавиле најмалку 37 земји.
Речиси секогаш не се пријавуваат точните бројки на новозаразени и починати луѓе, особено во земјите со слаба здравствена заштита, велат здравствените експерти.
За овој извештај на „Ројтерс“, податоците се ограничени на земји кои редовни ги пријавуваат дневните бројки.
Порастот на бројката на заразени, обично претходи на порастот на бројката на починати за неколку недели. На врвот по бројот на заразени е САД. Викендов во оваа земја, беше надминат бројот од 4 милиони заразени и повеќе од 1000 починати во изминатите четири дена.
Бразил и Индија, за кои епидемиолозите велат дека месеци ги делат од пикот на епидемијата, исто така надминаа милион случаи. Во Австралија по повторното избивање на заразата, властите воведоа делумен шестнеделен карантин и задолжително носење на маските за жителите на Мелбурн, втор по големина град во земјата.