(Видео) Речиси 40 земји пријавиле рекордно заразени од коронавирус

Изминатата недела речиси 40 држави пријавиле рекордно зголемување на бројот на заразени со коронавирус во еден ден. Ваквите бројки претставуваат двојно повеќе отколку претходната недела.

Според податоците до кои дошле во новинската агенција „Ројтерс“, ова покажува ека пандемијата ги зафатила сите светски региони.

Стапката на заразени не се зголемила само во државите како што се САД, Бразил и Индија, кои светските медиуми ги наведуваат како земји со голема епидемија.

Опасниот вирус ги зафати и земјите како што се Австралија, Јапонија, Хонгконг, Боливија, Судан, Етиопија, Бугарија, Белгија, Узбекистан и Израел.

Многу држави, особени оние во кои властите претходно ги ублажија мерките за физичка оддалеченост, имаат втор бран откако заврши првиот бран пред повеќе од месец дена.

„Нема да се вратиме на старата нормалност. Пандемијата веќе го промени начинот на живот“, изјавил генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адхан Гебрејесус.

„Ги повикуваме сите луѓе, своте одлуки за тоа, каде одат, што прават и со кого се состануваат, да се третираат како одлуки за живот и смрт, затоа што тоа е и тоа“, предупредил тој.

Податоците до кои дојде „Ројтерс“, се собрани на основа на службени извештаи и истите покажуваат постојан пораст на бројот на земји кои пријавуваат рекордни дневни зголемувања на бројот на заразени од вирусот Ковид 19.

Најмалку седум земји пријавиле такви зголемувања пред три месеци, најмалку 23 земји, пред две недели, пред седум дена, најмалку 20 земји, а оваа недела бројката ја пријавиле најмалку 37 земји.

Речиси секогаш не се пријавуваат точните бројки на новозаразени и починати луѓе, особено во земјите со слаба здравствена заштита, велат здравствените експерти.

За овој извештај на „Ројтерс“, податоците се ограничени на земји кои редовни ги пријавуваат дневните бројки.

Порастот на бројката на заразени, обично претходи на порастот на бројката на починати за неколку недели. На врвот по бројот на заразени е САД. Викендов во оваа земја, беше надминат бројот од 4 милиони заразени и повеќе од 1000 починати во изминатите четири дена.

Бразил и Индија, за кои епидемиолозите велат дека месеци ги делат од пикот на епидемијата, исто така надминаа милион случаи. Во Австралија по повторното избивање на заразата, властите воведоа делумен шестнеделен карантин и задолжително носење на маските за жителите на Мелбурн, втор по големина град во земјата.

Австралија и Јапонија, кои оваа недела исто така пријавија рекорден број на заразени, предупредуваат на пораст на заразени меѓу младите луѓе, од кои голем број од нив ги прославуваат крајот на мерките во баровите и на забавите.
Во Мексико, кој оваа недела пријави дневен рекорд и четврт по бројот на починати, во било која земја, официјалните лица предупредија дека трендот на пад кај бројот на случаи, кои се заразиле на средината на јуни, време кога градот почнал да ги ублажува мерките за физичко растојание, можеби сега ќе доживее пресврт.
На основа на стапката на хоспитализација, минатата недела градоначалникот на Мексико Сити, Клаудија Сеинбау, изјавила дека бројот на хоспитализирани до октомври, би можел да ги надмине бројките од јуни, кога пандемијата го доживеала својот пик.
„Важно е да се свати дека, ако не го промениме трендот, растот ќе биде експоненцијален“, предупредила таа.

Во Европа, каде е во полн ек сезоната на летни одмори, новиот дневен рекорд на пораст на бројот на заразени во Шпанија, веројатно ќе ги одврати туристите од посетите на некои од најпопуларните дестинации на континентот.
Во Африка, во Кенија, забележан е рекордно дневен пораст на бројот на заразени, за помалку од две недели, по попуштањата на мерките, меѓу кои се и домашните патнички летови. Претседателот на Кенија, Ухура Кенијата, кој објавил дека меѓународните летови ќе продолжат од 1. август, поради зголемениот број на заразени, повикал на итен состанок со официјалните лица во понеделник.

На Блискиот исток, според извештајот за рекорден број на случаи, во саботата Оман воведе нови ограничувања, покрај двенеделниот карантин, кој ќе се преклопи со исламскиот празник Курбан Бајрам

Scroll to Top