Роботското летало НАСА „ИнСајт“, кое од ноември минатата година се наоѓа на Марс, го забележал првиот поблаг потрес на Црвената планета.
Агенцијата „Асошиетед прес“ пишува дека станува збор за првиот земјотрес кој некогаш е забележан на Марс. Мониторот на „ИнСајт“ за земјотреси, снимил и измерил слаб сигнал на 6 април.
Научниците синоќа одлучиле оваа информација да ја обелоденат со јавноста. Иако забележани се шуштења кои потсетуваат на поблаг ветер, научниците веруваат дека звукот доаѓа од внатрешноста на Марс.
Францускиот научник Филип Лонјон e задолжен за овој експеримент. Европската вселенска агенција го опремила ова летало, а Филип изјавил дека е возбудливо тоа што конечно постои доказ дека планетата е сеизмички активна.
Францускиот сеизмометар е поставен на површината на Марс минатиот декември, неколку недели пред слетувањето на „ИнСајт“.