(Видео) Ролеркостер излетал од шините во Италија

Најмалку седум лица, меѓу кои две деца, се повредени кога мини ролеркостер во забавен парк во Италија излетал од шините и паднал на земјата. Како што јавува телевизиската станица RAI, во инцидентот нема потешко повредени лица.

Несреќата се случила во забавен парк во местото Лацис, на брегот на езерото Гард. По инцидентот, на земјата можеле да се видат искривените шини и превртениот вагон на монорелито, на едната шина.

Scroll to Top