Министерството за одбрана на Русија објави архивски снимки од летот на стратешкиот бомбардер и носач на ракети Тu-95.
„Прототипот на авионот полетал на 12 ноември 1952 година, а по три години почнало неговото сериско производство. Направени се повеќе од 500 вакви авиони“, се наведува во описот на видео-снимката.
Русија направила повеќе од 20 негови модификации. Тu-95, кој по класификациите на НАТО го добил името Bear „Мечка“, останува најбрзиот авион на светот со турбо-елисни мотори.