(Видео) Руски научник открива како ја создале вакцината против коронавирусот

Руските научници додека ја создавале вакцината против коронавирусот, користеле иста технологија и информации што ги добиле за време на развојот на серумот против еболата, изјавил директорот на Националниот истражувачки центар „Гамалеј“, Александар Финцбург.

„Станува збор за иста технологија, иста технолошка платформа. На еболата првпат е тестирана ефикасноста на технологијата со векторско ставање гени во човечките клетки за создавање на вакцината“, изјавил Финцбург.

Тој вели дека технологијата направена за ставање гени во човечки организам е направена со цел лечење болести со помош на генска терапија. Но, истата технологија сега успешно се користи за создавање на вакцината против коронавирусот.

Според неговите зборови, се работи за технологија која може прецизно, до еден нуклеотид, до една аминокиселина, да ја одреди дозата што треба да се стави во организмот за да се произведе одреден тип имунолошки одговор.

Гинцбург истакнал дека со помош на оваа технологија пресметано е каде ќе се синтетизира антигенот на Ковид-19 и како ќе се транспортира. Покрај тоа, тој изјавил дека вакцината на никој начин нема да влијае на здравствената состојба на човекот.

За потсетување, Русија е првата земја што на 11 август ја регистрира вакцината против коронавирусот. Вакцината ја направиле во Центарот „Гамалеј“ и Министерството за одбрана на Русија.

 

 

Scroll to Top