(Видео) Руски пилот се разнел кога бил соборен и обиколен со џихадисти

Рускиот пилот Роман Филипов, чиј борбен авион „сухој 25“ го собориле припадниците на џихадистичката група Тагрир ел-Шам над територијата што ја контролираат, се разнел себеси со граната кога екстремистите тешко го раниле и го обиколиле, соопштиле од руското Министерство за одбрана.

Филипов се катапултирал недалеку од селото Тел Дебес и до последниот момент се борел против екстремистите со оружјето што го имал со себе, стои во соопштението на руското Министерство, пренесе ТАС С.

„Ова е за нашите момци“, изјави пред да се дигне во воздух.

Тој постхумно бил предложен за херој на Русија, навело руското Министерство за одбрана.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, навел во соопштението дека постхумно го номинирал мајор Филипов за херој на Русија и дека пилотот дал сè од себе да го задржи авионот во воздух додека можел.

Џихадистичката група Тахрир ел-Шам презела одговорност за соборување на рускиот борбен авион „су-25“ на северот на Сирија во саботата.

Таа група, на која претходно ѝ се приклучил и екстремистичкиот Фронт, Ал Нусра, тврди дека авионот бил соборен од рачен ракетен фрлач, но не навела кој е одговорен за убиството на пилотот што се катапултирал.

 

Фронтот Ал Нусра некогаш бил разгранок на Ал каеда во Сирија, потсетува „Ројтерс“.

Scroll to Top