(Видео) Руски стјуард го жртвувал животот за да ги спаси патниците

Еден од членовите на екипажот во авионот на авиокомпанијата „Аерофлот“, Максим Моисев, го жртвувал својот живот за да ги спаси патниците во авионнската несреќа за време на летот SU1492 која се случила на московскиот аеродром „Шереметјево“.

Суперџетот со 78 патници во себе, не успеал да слета на пистата. Пилотот во неколку наврати силно удрил на асфалтот. Прво со носот, а потоа и со задниот дел на авионот.

Од силината на ударот, се запалиле моторите и задниот дел на авионот, каде седел Максим со патниците.

„Максим се обиде да ја отвори вратата за итни случаи и да ги спаси патниците од огнот кој се доближуваше. Тој не успеа да се спаси, но успеа да ни помогне на дел од нас да го напуштиме авионот“, изјавил еден од патниците.

Во авионската несреќа од 78 патници и членови на екипажот колку што се наоѓале во авионот, преживеале само 37 лица. 40 луѓе загинале, меѓу кои е иден член од екипажот. Пилотот успеал да преживее, а во несреќата повредени биле 32 лица. Петмина од нив веднаш биле префрлени во болница.

Максим ги спасувал патниците за време на евакуацијата која траела 55 секунди.

Scroll to Top