(ВИДЕО) Саудијците од страв градат луксузни одморалишта – 50 острови ќе ги претворат во рај на Земјата

Изградбата на луксузни одморалишта, би требало да почне од 2019 година, е во првата фаза, која би требало да заврши до 2022 година, ќе се изградат воздухопловни пристаништа, луксузни хотели, и останати видови на сместувачки капацитети.

Садуиска Арабија покрена голем туристички проект кој 50 острови и други локации на брегот на Црвеното море ќе ги претвори во луксузни одмаралишта, пренесува британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“.

Саудиските власти се надеваат дека ќе ги привлечат и странските и домашните гости, се со цел да ја развијат економијата во услови на падот на цената на нафтата.

Експертите кои доаѓаат во тие одмаралишта би добиле визи по олеснителни околности, но засега останува непознато, дали ќе се ублажат строгите правила на облеквање и останатите рестрикции.

Во Саудиска Арабија, како што потсетува британскиот сервис, забранети се алкохолот, киното и театарот.

Изградбата на луксузни одморалиша би требало да почне во 2019, а првата фаза би била завршена до 2022 година, со изграба на воздухопловни пристаништа, луксузни хотели и останатите видови на сместувачки капацитети.

Во Саудиска Арабија, веќе пристигнуваат милиони странски гости, поради работа и „аџилак“ во Мека.

Во моментот кога цената на нафтата паѓа, саудиските власти брзоплето трагаат за нови извори на приходи, а туризмот е таргетиран како клучен елемент на новата економска и општествена визија.

Погледнете го видеото:

 

Scroll to Top