Снимката на која еден човек се обидува да украде автомобил, го обиколи светот.
Крадецот полека се доближи до автомобилот, провери дали некој го гледа и тогаш почна да ја отвара вратата. Но, таму го чекше вистинско изненадување.
Сопственикот на автомобилот беше во истиот и имаше секс со својата девојка.
Кога крадецот ја отвори вратата, со панталоните долу излезе сопственикот и почна да го брка. Бидејќи не успеал да го фати, пријавил во полиција.
Камерата за надзор ја снимила целата ситуација, а инцидентот се случил во кинеската провинција Хабеи.