(Видео) Се продаде приватниот остров на Џеки Кенеди

Островот кој припаѓал на Жаклина Кенеди Оназис, вдовицата на убиениот американски претседател Џон Кенеди, е продаден на две непрофитни организации за цена од 27 милиони долари. Оттаму велат дека планираат да го претворат во природен резерват достапен за сите.

Островот кој се наоѓа на северниот брег на Атланскиот океан, сега е во рацете на островската „Комисија за сочувување на земјиштето“ и локалната Фондација „Шерифс медо“.

Џеки Кенеди го имала купено преубавиот имот „Ред гејт фарм“ на островот Мартас Винјард, на северот на САД, за еден милион долари.

Богатата природа, опуштената атмосфера и близината на Атлантскиот Океан биле доволни за сопругата на 35. американски претседател Џон Кенеди да се вљуби во него и да го посака за себе.

Сумата од 27 милиони долари е под пазарната вредност на имотот. Минатата година имаше неуспешен обид за негова продажба, по цена од 65 милиони долари. Сега купопродажната цена ќе се плаќа на рати во период од четири години.

„Имотот се рапространува на 123 хектари и е меѓу најголемите и најспектакуларните неразвиени парцели на осторвот. Ќе стане резерват и рибинк“, е наведено во соопштението на новите сопственици.

Семејтвото Кенеди на овој имот одгледувале овци, а имале и ловачка колиба која Џеки ја купила во 1979 година. Фармата потоа ја одржувала нејзината ќерка Керолин Кенеди.

„Нашето семејство се трудеше да биде достоен управител на ова величествено природно живеалиште и место со историско значење“, изјавила Керолин.

„Возбудени сме што ќе се здружиме со две извонредни островски организации и што целата островска заедница и поширока јавност ќе може да ја доживее убавината на ова место“, завршила таа.

 

 

Scroll to Top