(Видео) Се сруши авион на акробатска група

Авион на акробатската група на британското воено воздухопловство на „Црвената стрела“ се срушил во близина на Велс. Во несреќата загинал еден инженер, додека пилотот преживеал тешки повреди.

Британското Министерство за одбрана потврди дека се работи за авион од типот „Јастреб“.

Капетанот на акро-групата изјавил дека во трагичната несреќа загинал инженерот на групата „Црвена стрела“, а дека пилотот бил хоспитализиран.

Претходно Би-би-си јавил дека во авионот се наоѓале двајца членови на екипажот, кои според наводите, успеале да се катапултираат од леталото.

 

Scroll to Top