(Видео) Се сруши кровот на хотел за време на венчавка во Перу

Перуанските валсти соопштиле дека во текот на една прослава на свадба во хотелот „Алхамбра“, кој се наоѓал во градот Абанкај на југот од земјата, се срушил ѕидот и кровот од објектот Притоа настрадале најмалку 15 лица.

Агенцијата „Асошиејтед прес“, пишува дека ѕидот и кровот паднале врз десетина луѓе кои во тоа време танцувале и се забавувале.

Локално радио во градот, RPP, пренело дека 30 лица е бројката на повредени и извлечени од рушевините. Повредените веднаш биле префрлени во најблиската болница.

Scroll to Top