Најскапата сообраќајка во Европа, тешка 3,5 милиони евра, се случи во Швајцарија, во кантонот Ури. Во неа учествуваа едно „бугати“, „порше 911“ и еден „мерцедес“.
Несреќата настанала откако возачите на „бугати“ и „порше“ во истиот момент се одлучиле да ги претркаат останатите во колоната.
Присутните велат дека несреќата била неизбежна, а освен прескапите „бугати“ и „порше“, во сударот учествувало и возило со камп-приколка и еден „мерцедес“.
По сударот, полицијата соопштила дека во незгодата е повреден еден од возачите и истиот веднаш бил префрлен во болница. Возачите на „шорше“ и „бугати“ одбиле да потпишат заединчка изјава за сообраќајната несреќа.
Процената на штетата, по направениот увид, била утврдена во висина од 3,5 милиони евра.