(Видео) Себастијан Курц заглави во купиштата снег

By

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, поради големите наноси снег кој што наврнаа во изминатиот период во Австрија, мораше да ја откаже посетата на партискиот собир во близина на местото Гросарлтал каде што е на одмор.

Курц на своја кожа го почуствува снегот, а во таа прилика објави и видео порака со која им се обрати на луѓето чии места се затрупани со снег и се отсечени од светот.

Силните врнежи на снег во Австрија без прекин траат уште од четвртокот. Снегот предизвика големи проблеми во голем број на места во Австрија.

Во период кога има наплив на туристи и кога поголемиот дел од нив се враќаат од скијачките центри кон своите домови, но и период во кој голем број гастрабајтери се враќаат од одмор, во нивните домови на југот на Европа, сообраќајните патишта се преполни со автомобили кои се блокирани поради покриените патишта со снег и лед.

Автопатот Тауернаутобан (А1) морал на територијата на Салцибург да биде привремено затворен, за да може со контролирана експлозија се отстрани опасноста од лавина.

Аеродромот во Инсбрук исто така од саботата е речиси целосно затворен и летовите се откажуваат. Од огромните наноси снег погодени се и бројни места кои се отсечени од остатокот на Австрија.

Бројни лавини се закануваат и на ски-центрите. Пример за тоа е лавината која настанала во местото Салцбург, која затрупала неколку скијачи. Само чудо ги спасило да останат живи.

Во местото Санкт Коломан, градоначалникот Вил Валингер ги повикал граѓаните да останат во своите домови, поради опасноста од лавини.

Ќе ви се допадне