Жителите на малото село Туласендрапурам во Индија и косовското село Бибај во општината Феризај, ја прославија инаугурацијата на новиот претседател и потпретседател на САД, Џо Бајден и Камила Харис.
Во Индија, тие подготвија огномен и поделија слатки за да ја прослават подготвената заклетва на Харис, која стана првата жена и прва личност со индиско-афроамериканско потекло, избрана за потпретседателка на САД.
Токму од Туласендрапурам, потекнува дедото на Камала. Нејзината мајка е Индијка, а татко ѝ е од Јамајка. Таа го посетила Туласендрапурам кога имала само пет години и често зборувала за нејзините спомени од прошетките со нејзиниот дедо на плажите во Ченај, каде што тој и неговото семејство се преселиле од неговото родно село пред скоро 90 години.
VIDEO: Residents of Thulasendrapuram in southern India, the ancestral village of Kamala Harris, say they are “very happy”, as the US senator prepares to be inaugurated as the first woman vice president of the United States pic.twitter.com/69WL1itZen
— AFP News Agency (@AFP) January 20, 2021
И во Косово не било ништо помалку весело. Жителите од Бибај, организирале прослава во живо за време на инаугурацијата. Во репортажата на националната косовската телевизија „Дукаѓини“ можеа да се видат десетици жители на селото, со американски знамиња и со транспаренти со
слики на Бајден, како ја следат и ја слават церемонијата на неговата ингурација.
Локалните жители велат дека се среќни поради именувањето на Бајден, затоа што, како што велат самите тие и лично го познавале. Тој беше потпретседател во периодот на владеењето на Барак Обама и во два наврати го има посетено Косово и нивното село.
„Многу сме среќни што Бајден дојде на чело на Америка, бидејќи го познаваме и лично. Во изминатите 21 година тој стори многу за Косово. Имавме прилика и лично да го сретнеме кога со неговата сопруга дојде во (соседното село) Сојево“, изјавил Сулејман Сиља, жител на Бибај.
Селото кое ја прослави инаугурацијата на Џо Бајден, се наоѓа во близина на националниот пат Урошевац-Гњилане, кој го носи името на Бо Бајден, покојниот син на новиот американски претседател.
Семејството Бајден учествуваше на церемонијата на инаугурацијата на тој пат во 2016 година.
Бо Бајден, синот на новиот американски претседател, служеше во рамките на меѓународните мисии во Косово по војната во 1998-99 година и се занимаваше со обука на обвинители и судии во новоформираната држава.