(Видео) Шеик го отпушти синот од владата поради корупција

Владетелот на Кувајт, Сабах ал-Ахмад, ги сменил својот син и уште еден министер во владата по нивните меѓусебни обвинувања за корупција. Сабах  му нареди на премиерот на Кувајт да состави нова влада.

Наредбата на шеикот стигнала само неколку дена откако владата поднела оставка поради истрагата за вмешаност на високи функционери во корупција. Монархот наредил да биде отпуштен неговиот син Насер ал-Сабах, кој ја извршувал функцијата министерот за одбрана, и неговиот колега во владата, министерот за внатрешни работи Халед ал-Сабах. Двајцата меусебно јавно се обвинија за вемшаност во корупција.

Насер ал-Сабах изјавил дека открил 790 милиони долари кои биле проневерени во времето кога сегашниот министер за внатрешни работи бил министер за одбрана. Шеикот Насер сака неговиот претходник на местото министер за одбрана со уште петмина највисоки функционери во министерството да бидат обвинети за наводна проневера. Денес се очекува шеикот да има јавно обраќање.

Редовните парламентарни избори во Кувајт се очекуваат да се случат за година дена. Министерството за правда им забрани на локалните медиуми да известуваат за случајот за проневера. Наведено е дека судењето ќе биде затворено за јавноста и дека ниту една информација поврзана за него не треба да биде изнесена во медиумите, без разлика дали станува збор за традиционални или за социјалните мрежи.

Насер ал-Сабах не е во линијата на наследници на престолот, но неговото именување за министер за одбрана привлече големо внимание во јавноста, затоа што Сабах ал-Ахмад го именувал на оваа функција пред да го промени редоследот на негови наследници на престолот.

Scroll to Top