(Видео) Шведски тинејџер ги има најголемите стапала во светот

Тинејџер од Шведска влезе во Гинисовата книга на рекорди откако му беше измерена должината на неговите стапала. Шеснаесетгодишниот Ларс Мотц ги носи најголемиот број на чевли во светот со број 57.
Ларс добил потврда од луѓето одговорни за внесување на податоците во книгата за рекорди, дека има нозе долги околу 35 сантиметри и дека ги има најдолгите стапала меѓу машките тинејџери во светот.
„Голем број од чевлите кои му ги купувавме моравме да ги добиеме по нарачка. Нè чинеа околу 1.200 евра за чифт“, изјавила неговата мајка.

Ларс со своите необични стапала ги изненадил и лекарите уште од раѓање. Како бебе му биле измерени 9,5 сантиметри долги стапала.

Scroll to Top