(Видео) Силна бура попладнево го поплави Белград

By

Силното невреме што попладнево зафати дел од Балканот, за кратко време направи хаос во Белград. Силни врнежи дожд од 20 до 40 литри по квадратен метар ги поплавија градските улици.

За кратко време граѓаните во српската метропола имаа потешкотии да се движат низ градските улици поради големите поплави кои настанаа поради проблемите со канализацијата.

На делови од српската метропола настана и лизгање на земјишето, а пропаднал и дел од асфалтот. Сообраќајот во поголемиот дел од градот се одвива со големи потешкотии. Регистрирани се голем број на сообраќајни несреќи, но без некои потешки повреди, пренесуваат српските медиуми.

Во Рузвелтова улуца бурата предизвика и откорнување на некои од дрвата.

 

 

Ќе ви се допадне