Рускиот претседател Владимир Путин е поголема ѕвезда на Мундијалот од најголемиот број фудбалери, пишува „Дејли меил“. „Сите сакаат селфи со шефот“, велат тие. На интернет се појави и видео на кое кралеви, претседатели на држави, премиери, филмски и спортски ѕвезди, меѓу нив и Пеле и Марадона, побарале од Путин да се сликаат со него.
Рускиот претседател, додаваат од „Дејли мејл“, не одбива никого, а наоѓа време и да ги следи натпреварите од Светското фудбалско првенство на стадион, дури и кога не игра Русија.