(Видео) Скијач направи снимка од ореол околу Сонцето

By

АП (САД) – На социјалните мрежи беше споделена снимка во која беше фатен редок прстен на светлина околу сонцето.

Ефектот на атмосферата го опфати ниското зимско сонце, момент познат како ореол од 22 степена.

Овие моменти се случуваат кога сончевата светлина се прекршува во милиони хексагонални ледени кристали што се наоѓаат на небото.

Прекрасниот момент успеа да го фати скијачот Лудвик Лундин во одморалиштето Вемедален во централна Шведска.

Лудвик снимката ја сподели на „Фејсбук“, а привлечното изобличување беше проследено од повеќе од пет милиони посетители.

 

Ќе ви се допадне