Глутница волци среде бел ден е забележана во селото Вусање, во Гусињу во Црна Гора, пишува cdm.me.
На видеоснимката, која е објавена на фејсбук-страницата „Радио Гусиње“, се гледаат неколку волци што се искачуваат на снежната планина.
Законот за дивеч и лов во Црна Гора предвидува ловот на волци и лисици да може непрекинато да се одвива до крајот на февруари.
Главната ловна сезона трае од почетокот на октомври минатата година, а во правилникот за ловна сезона е пропишано деновите на лов да бидат недела и кога се државни празници.