Убиството на Тара Фарес, девојката која во својата земја се борела за еднаквност на мажите и жените, е еден од слуачите кои во последно време ја потресоа јавноста во Багдад.
Инстаграм ѕвездата од Ирак, била застрелана во глава додека се возела во својот автомобл. Убиецот кој го извршил злосторот побеганал на мотор во Багдад, а полицијата се сомнева дека зад истото стојат екстремистички групи.
Поранешната мис на Багдад имала повеќе од 2,6 милиони следбеници на Инстаграм, и секојдневно објавувала провокативни фотографии, а популарноста ја стекнала во 2015 година по изборот за мис. Била позната по отворените ставови за слободата, животот и религијата.
Како што велат нејзините критичари, таа живеела антиисламистички. Се омажила кога имала 16 години, а бракот и траел кратко. Се развела поради насилството кое и го вршел сопругот, а за тоа проговорила и на социјалните мрежи.
Убиството на жената која во својата земја се борела за еднаквост меѓу мажите и жените, е еден од случаите кои во последно време ја потресле јавноста. Убиена е на почетокот на октомври, само два дена по убиството на активистката за човекови права Сауд ал-Али.
Месец дена претходно завршила на пластична хирургија кај доктор Рафеф Алл Јасири. Ја нарекувале ирачката барбика. Раша ал Хасан, менаџерката и сопственичката на козметичкиот салон во Багдад исто така е пронајдена мртва. Сите жртви биле познати по своите хуманитарни напори и борби за човекови права.