(Видео) Со „мерцедес“ влета во луксузниот хотел на Трамп во Њујорк

By

Автомобилот од брендот „мерцедес“ влета во главната сала на луксузниот хотел на американскиот претседател Доналд Трамп, „Трамп Плаза“ во Њујорк, јавуваат американските медиуми.

Во инцидентот полесно се повредени возачот и двајца случајни минувачи. Трамп и неговото семејство не престојуваат во овој хотел, иако е во нивно сопствеништво.

Локалната мрежа „АБЦ“ пренела дека возачот, по упадот во хотелот, излегол од својот „мерцедес“ и седнал на софата во главната сала.

Претставникот за имотот на Трамп не бил достапен за коментар. Само испратил мејл до локалната мрежа „АБЦ“ во која им се заблагодарил на полицијата за брзата реакција.

 

Ќе ви се допадне