(Видео) Спасувач минал 10 часа во вода гушкајќи насукан кит кој бил на работ на смртта

Кинеските медиуми го прогласија спасувачот Лу Венхуѕ за херој на денот. Тој поминал 10 часа во вода, гушкајќи го претходно насуканиот кит. Тој го гушал китот и му ја држел главата под вода со цел да му го олесни дишењето.

Впрочем, во плиткото морско подрачје во близина на Линхај во Кина, спасувачките екипи пронашле 12 насукани китови. Несреќните животни биле на работ на смртта и само седум од нив биле спасени.

Со цел да останат живи, спасувачките екипи пробале најразлични техники – од копање јами кои би ги исполниле со вода, поставување чадори, ладење со коцки мраз па се до постојано истурање на вода врз нив, пренесува China Daily на Твитер.

Но, кога Ли видел дека дел од техниките не функционираат тој решил да облече костим за капење и да прегрне еден од несреќните китови. Целта на прегратката е да се осигура дека главата му е постојано под вода. Па така тој поминал цели 10 часа во вода, гушкајќи го китот се додека состојбата на животното не се подобрила.

 

Scroll to Top