Српските корисници на социјалната мрежа ТикТок деновиве промовираат нов патриотски тренд, кој е одговор на познатиот гест кој го користат Албанците и нивниот симбол на орел кој се изведува со рацете.
Орелот е симбол на двете балкански држави и тој е претставен на нивните знамиња и грбови. Во последниве години, птицата, се најде во центарот на жестоки препирања и тензии меѓу Србите и Албанците, псобено на социјалните мрежи.
Имамо феномен на мрежама да су млади Срби изнедрили нови симбол српске популарне културе. Српски двоглави орао се формира спајањем српског симбола три прста обе шаке. Симболика дубља и јача од било које шиптарске! 🇷🇸 ❤ pic.twitter.com/3QP6HSno3W
— Ђорђе Космет🇷🇸 (@SKosmet) September 17, 2020
Многу Срби го гледаат гестот со орелот, кој со години е популарен кај албанските јавни личности на социјалните мрежи и пошироко, како провокација, па тие сега, за да им парираат на Албанците, смислија свој орел. Тој се прави со спојување на двете раце, со кои веќе е направен српскиот симбол со три прста.
OVAJ ORAO SAM JA POČELA DA KORISTIM I HVALA SVIM SRBIMA NA TOME… POZDRAV OD KRALJICE SRBSKIH ORLOVA… 🇷🇸🦅🇷🇸🦅🇷🇸🦅 pic.twitter.com/iXngnBMIwa
— ALEKSANDRA (@ALEKSAN13073580) September 18, 2020
Се шират снимки на кои српските тиктокери го покажуваат специфичниот симбол на орел, кој според сопственото тврдење, прва го употребила корисничка на ТикТок по име Александра, која се претставува како „кралица на српските орли“.
На видеата објавени на ТикТок во кои се покажува новиот симбол, во позадина свири техно-верзија на патриотската песна „Силно светни сонце од Косово“. Дел од корисниците на социјалните мрежи го прифаќаат новиот симбол, додека за други, станува збор за политички инструирана кампања на српските власти, наспроти договорот за економска нормализација амеѓу Белград и Приштина, постигнат овој месец во Вашингтон.