Околу 1500 овци и кози ги блокираа улиците во центарот на Мадрид. Ваквиот настан претставува традиционално преместување на стоката од летните на зимските пасишта.
Преселбата на стадото датира уште од Средниот век, а од 1994 година во Мадрид станува традиција која е пресликана во фестивал преку кој властите сакаат да го поттикнат овчарството.
По тој повод десетина селани облечени во традиционални носии, со своите стада овци минаа низ центарот на Мадрид. Поради добитокот, целиот сообраќај бил блокиран.
Следејќи го примерот од средновековната традиција, сточарите на претставниците на градските власти симболично им плаќале за да ја пренесат стоката.
Ваквата манифестација била поддржана и од шпанското Министерство за земјоделство и сточарство.